Лековити својства на чајот од ѓумбир
Ставете шест или седум парчиња свеж корен од ѓумбир со големина на паричка во еден литар вода и гответе околу 20 минути. Доколку не го сакате вкусот на свеж ѓумбир, засладете го чајот со сок од портокал или со мед.
Чајот од ѓумбир помага при лeкување на болно грло, сува кашлица и ги ублажува симптомите на настинка. Содржи антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот и го намалуваат ризикот од срцев удар.
Свежо приготвениот чај од ѓумбир го намалува стресот, ја поттикнува будноста и ја зголемува енергијата.
При силни менструални болки се препорачува на стомакот да се постави крпа натопена во топол чај од ѓумбир.
Не се препорачува пиење на повеќе од два чаја од ѓумбир дневно.
Дипломиран нутриционист
Анита Николоски

Comments
Post a Comment